аплицирај

Анатомија , Физиологија и Биомеханика - 30 Часа

По завршувањето на оваа обука ќе имате темелно знаење во основите на човечката анатомија што се однесуваат на безбедно и функционално движење. Ќе ја разберете структурата и функцијата на главните коски, зглобови и мускули кои создаваат движење во телото. Ќе имате соодветно разбирање за тоа како основните системи на човечката физиологија (нервен систем, дигестивен систем, ендокрин систем, кардиоваскуларен систем и респираторен систем) ја поддржуваат јогата, вклучувајќи разбирање на севкупната врска ум-тело, поливагалната теорија, неволево наспроти волево дишење и механизми на дишење.

Наставни цели

Ќе ги научите и ќе ги разбирете :

Скелетен систем

  • Компоненти на скелетниот систем и нивните функции
  • Клеточна структура на коските
  • Класификација и типови на зглобови во телото

Дигестивен систем

  • Процесот на варење
  • Улогата на секој орган и структура вклучени во варењето
  • Класификација и типови на зглобови во телото

Анатомски поими

  • Анатомска положба
  • Основни поими за насочување
  • Основни поими за движење
  • Рамнини на телото

Сврзно ткиво и мускулен систем

  • Структура
  • Функција и видови на сврзно ткиво
  • Анатомија на мускулното ткиво
  • Функции на мускулниот систем
  • Видови мускулни контракции

Нервен систем

  • Општа структура на нервниот систем
  • Анатомија на мозокот и функција на делови од мозокот
  • Автономниот нервен систем
  • Невромускулни принципи на спротивните мускули и PNF техника
  • Основна функција на нервите
  • Концепт на поливагална теорија

Стапало и глужд

  • Анатомски структури на стапалото и глуждот
  • Функција на стапалото и глуждот
  • Структура и функција на сводовите (лаковите) на стапалото
  • Поврзаност на структурата на стапалото со енергетскиот квалитет на движењето

Колено

  • Структури кои го сочинуваат зглобот на коленото и функцијата на секоја од нив
  • Концептот на коленото како дел од кинетички синџир
  • Структура и функција на менискусот
  • Мускулите на коленото и нивната функција

Ендокрин систем

  • Улога на ендокриниот систем во телото
  • Жлездите и хормоните како комуникациски алатки на ендокриниот систем

Циркулаторен систем

  • Општа функција на кардиоваскуларниот систем
  • Движење на кислородот и јаглеродниот диоксид низ телото
  • Компоненти на крвта
  • Патот на крвта низ коморите на срцето

Респираторен систем и дишење

  • Механизам на дишење
  • Главни мускули на дишењето
  • Неволево наспроти волево дишење
  • Функција на секундарните респираторни мускули
  • Основна функција на нервите
  • Концептот на абдоминалното и градното дишење
  • Структура на белите дробови
  • Релацијата на здивот со концептот на бандите.

Рамен појас

  • Компоненти на рамениот појас
  • Движења на рамениот појас
  • Мускули на ротаторната манжетна
  • Мускули кои го движат хумерусот и скапулата

Дланка, рачен зглоб и лакт

  • Структури кои го сочинуваат кинетичкиот синџир на горниот дел од телото
  • Сличности помеѓу анатомијата на долниот дел од телото и горниот дел од телото
  • Синдромот на карпален тунел

Колк

  • Структура, функција и движења на зглобот на колкот
  • Мускулите на колкот и нивните функции

Карлица

  • Коски и зглобови на карлицата
  • Движења во карлицата
  • Структура, функција и дисфункција на сакроилијачниот зглоб

' Рбет

  • Структурни компоненти на' рбетот
  • Структура и функција на трите главни делови на 'рбетот
  • Мускули кои го движат 'рбетот и нивната функција
  • Структура и функција на вертебралните дискови

Содржини кои се однесуваат на истегнување вклучувајќи пасивно/статичко истегнување, активно/статичко истегнување, проприоцептивно невромускулно олеснување (ПНМО), истегнување со товар и контраиндикации за овие техники на истегнување; безбедни движења, неусогласеност, алтернативи и адаптација ќе бидат опфатени во предавањата и асана, пранајама и медитација праксите кога/ако е релевантно и на достапен начин за време на обуката за учители по јога од 200 часа.