аплицирај

Техники , Обука и Пракса - 90 Часа

Програмата се состои од 3 дела :

  • Прв дел - Асана
  • Втор дел - Пранајама и Суптилното тело
  • Трет дел - Медитација

Наставни цели

До крајот на оваа обука, ќе имате јасна слика и разбирање за следниве содржини :

Прв дел - Асана
  • Ќе ги запаметите и разберете Јога сутрите 2,46 до 2,49 и ќе се запознаете со филозофските перспективи во однос на целта и придобивките од асаната.
  • Ќе знаете да го дефинирате поимот АСАНА
  • Ќе ја разберете важноста на функцијата во однос на формата и како знаењето за семејствата асани ве носи кон водење информирани часови.
  • Ќе ги научите физичките и енергетските ефекти на асаните, вообичаените грешки при нивно изведување, модификациите и вообичаени прилагодувања на сите главни категории на јога положби и ќе станете умешни во користењето на ова знаење при креирање секвенци за вашите јога часови.
  • Ќе знаете да ги предавате основните принципи на наједноставните асани во секое семејство како база за предавање на посложени асани.
  • Ќе ги разберете подлабоко принципите за секое семејство асани.
  • Ќе знаете да дикутирате за суптилните ефекти на асаните врз умот, телото и енергијата.
  • Ќе ги научите основните компоненти на секвенцата “Поздрав на сонцето”.
  • Ќе знаете да одржите основен Винјаса Флоу јога час за различни нивоа.
  • Ќе се обучите да го набљудувате владеењето на праксата, свесноста за телото, механиката на телото кај себе и кај своите ученици и ќе се оспособите да правите прилагодувања врз основа на инструкциите.
  • Ќе ги научите сличностите во семејствата на асаните за да се оспособите да предаваат асани со слични принципи.
  • Ќе се запознаете со основните упатства за употреба на реквизити, варијации и модификации за безбедност и напредок во асана праксата.
Втор дел - Пранајама и Суптилното тело
  • Ќе стекнете основно разбирање за енергијата од научен, филозофски и практичен аспект и ќе бидете запознаени со јогиската перспектива за енергијата на животната сила (прана), како таа се движи и функционира и како јогата влијае на енергијата.
  • Ќе се запознаете со значењето и подлабоките филозофски перспективи за целта и ефектите на пранајамата.
  • Ќе разберете и ќе можете да разговарате за 5-те панча коши (витални обвивки) и ќе истражувате начини како да ги примените и да ги предавате на часовите.
  • Ќе ја разберете врската помеѓу физичкото и суптилното тело.
  • Ќе знаете да ги дефинирате поимите ПРАНА и ПРАНАЈАМА и да разговарате за суптилните ефекти на Праната во асана праксата.
  • Ќе ја знаете локацијата, функцијата и движењето на 5 Прана Вају.
  • Ќе знаете да направите разлика помеѓу витализирачки, балансирачки и смирувачки пранајами.
  • Ќе можете да ги предавате основните практики на пранајама кои се безбедни за почетници и ќе знаете кога да ги користите.
  • Ќе ги практикувате и ќе ја разберете физичката и енергетската анатомија на трите Банди, истражувајќи ја нивната употреба и улога во асана и пранајама праксата.
  • Ќе стекнете знаење за петте класи на мудри (hasta, mana, kaya, bandha и adhara), улогата на мудрите во јога праксата и кои мудри се релевантни за пранајама праксата.
  • ќе знаете да разговарате за ефектите на мантрите врз физичкото, менталното и психичкото тело. Ќе се запознаете со принципите на древните мантри.
  • Ќе се запознаете со филозофијата, функцијата и симболиката на Чакрите.
  • Ќе стекнете знаење за Надите и нивната функција.
  • Ќе стекнете знаење за Ида, Пингала и Сушумна Нади.
  • Ќе го почувствувате и истражувате Здивот.
  • Ќе можете да разговарате за целта и придобивките од Пранајамата.
  • Ќе стекнете знаење за предупредувањата поврзани со практикувањето на пранајамата и ќе ги запознаете најдобрите техники за водење пранајама, вклучително и водство за почетници.
  • Ќе бидете воведени во техниките за практично водство на: Нади Шодан и Анулома Вилома пранајама, Дирга пранајама, Брамари пранајама, Шитали и Шиткари пранајама, Капалабати, Уџаи пранајама, Бастрика пранајама.
Трет дел - Медитација
  • Ќе можете да го дефинирате поимот МЕДИТАЦИЈА
  • Ќе знаете да го воведете концептот и процесот на медитацијата.
  • Ќе ги разберете и ќе знаете да зборувате за ефектите од медитацијата.
  • Ќе стекнете знаење и искуство за различните медитативни методи.
  • Ќе научите како да се подготвите, да ја започнете, одржувате и завршите медитативната пракса.
  • Ќе знаете да ја воведете употребата на Мантрата како алатка за медитација.
  • Ќе искусите водени медитации.
  • Ќе знаете да креирате и водите безбедно и компетентно секвенца од медитативни вежби, како и пракса која вклучува комбинација од филозофија, асана, пранајама и медитација за да се постигне одреден ефект/намера.
  • Ќе научите да ги водите безбедно следниве вежби за медитација/концентрација избрани од нашето училиште: аџапа џапа, јога нидра, шавасана, санкалпа, медитација фокусирана на: здивот, на телото, на мудра, на мантра, на чакра, пеење, тратака, “SWAN” медитација.
  • Ќе знаете да разговарате за релевантните анатомски, физиолошки и психолошки ефекти од медитативните практики, вклучувајќи ризици и контраиндикации.
  • Ќе станете вешти во објаснувањето на филозофијата на јогата поврзана со мислите, сензациите, страдањето, апсорпцијата (самади) и медитацијата.