аплицирај

Основни Професионални Компетенции - 50 Часа

Програмата се состои од 3 дела :

  • Прв дел - Методологија на наставата
  • Втор дел - Професионален развој
  • Трет дел - Пракса

Наставни цели

До крајот на оваа обука, ќе се оспособите да :

Прв дел - Методологија на наставата
  • Да креирате секвенци од серија асани, серија медитивни вежби, серија пранајама техники и комбинација од асана, пранајама и медитативни практики.
  • Да ги процените способностите на ученикот и да им понудите соодветни практики со соодветно темпо и по соодветен редослед.
  • Да ја примените филозофијата и знаењето за медитацијата практично и ефективно за време на часот.
  • Да користите вербални инструкции за асаните ( и нивните алтернативи и адаптации) со едноставни, безбедни и со точни анатомски описи.
  • Да користите соодветен вокален тон и да го проектирате својот глас на тој начин што учениците јасно ќе ги слушнат вербалните инструкции.
  • Да понудите инструкции кои се инклузивни и ги почитуваат различните способности, нивоата на искуство и нивоата на мобилност на учениците.
  • Да понудите различен вид на визуелна демонстрација за практиките.
  • Да понудите безбедна, консензуална и соодветна помош за време на јога праксата преку различни видови прилагодувања вклучително и Hands-on техники за правилна изведба на асаните.
  • Да креирате амбиент на своите часови што промовира инклузивност, добредојде и автентичност.

За време на оваа обука ќе стекнете знаење за :

Втор дел - Професионален развој
  • Јасност во договорот помеѓу јога учителите и нивните работодавачи.
  • Процесот на регистрација во јога организациите.
  • Важноста на навременоста и конзистентноста, вклучително и потребата наставниците да ги започнуваат и завршуваат часовите навреме, како и доследно да ги следат обврските за наставата.
  • Важноста на чистотата на телото и облеката на учителот како и просторот каде се одржуваат часовите.
  • Места за одржување на јога часови и различни формати како што се групни часови, приватни часови, работилници и јога одмори/ритрити.
  • Други релевантни теми, вклучувајќи: финансиски менаџмент, преговори, проект менаџмент, управување со времето, критичко размислување, дипломатија, емоционална интелигенција, невербална комуникација, комуникациски вештини, управување со конфликти, донесување одлуки.
  • Професионалните организации за усувршување во јогата и наставата по јога.
  • Маркетинг, вклучувајќи професионални методи за самопромоција и промоција на своите часови.
  • Одговорности, откажувања, предупредувања и осигурување.
  • Методи за грижа за себе за да се обезбеди одржливост на професијата на учителот.