аплицирај

М-р Катерина Анѓеловиќ е искусен регистриран учител по јога во Yoga Alliance (E-RYT-500), сертифициран учител по медитација, тренер за личен развој и психотерапевт.

По првиот контакт со јогата во 2003 год. на 22 годишна возраст, таа продолжува да ја практикува и да се едуцира во оваа област сè до денес. Таа е сопственик и главен инструктор во Студиото за јога и личен развој “Делфи Спирит” кое постои од 2013, и главен учител и програмски директор на Yoga School Delfy Spirit, школа за обука на учители по јога од 200 часа регистрирана во Yoga Alliance (RYS -200).

Вљубена во јогиската пракса од самиот почеток, љубопитна да нурне подлабоко во оваа древна и безвременска пракса, да ја разбере подобро, а низ праксата и себеси, Катерина низ годините посетуваше бројни семинари, едукации, работилници и фестивали од областа на јогата и духовниот развој во земјата и во странство (Крија јога, Трансцедентална медитација, Кундалини јога, Холотропно и Интегративно дишење, Интензиви на просветлувањето, ХУЕСА – Универзална енергија, Семејни констелации, Тахор метод, Клиринг метод, Курсеви за медитација и многу други.)

дополнителни информации

обуки

Во 2018 год. ја завршува Обуката за јога учители од 200 часа (во Гоа, Индија), а потоа ги комплетираше и останатите 300 часа YTT со специјализирање во Vinyasa Flow стилот. Во своето Студио за јога и личен развој води различни стилови јога и за различни категории, нивоа и возрасти (Hatha Yoga, Ashtanga Yoga, Vinyasa Yoga, Јога за деца, Јога за трудници). Особено е горда на неколку оригинални проекти со детската популација меѓу кој го издвојува “Изучување на италијанскиот јазик преку јога за деца”.

компетенции

Нејзината едукација продолжи и во една комплементарна дисциплина на јогата - психотерапијата и личниот развој. Во 2018 година во Белград ја завршува 4 годишната обука по Клиринг Методот на Чарлс Бернер (познат и како големиот јогин Yogeshvar Muni), под водство на Десимир Ивановиќ (Дијада, Србија). Оваа гранка успешно ја имплементира на часовите по јога, на јога ритритите и работилниците за личен развој со што на практикантите им нуди уште посолидно знаење, насока и основа за нивниот трансформациски развој.

искуство

Во својата јога историја Катерина има одржано над 10 000 јога часови во студиото и во неколку домашни компании, над 20 јога ритрити, над 500 водени медитации и голем број работилници и курсеви.Катерина е целосно посветена на јогата професионално. Но таа исто така се смета себеси за истражувач и за вечен ученик кој не запира во својата едукација и развој, а со цел да го понуди најдоброто од себеси на светот и на своите ученици.

почит кон учениците

Таа имала бројни учители во нејзиното дводецениско искуство кои длабоко ги почитува заради пренесеното знаење и љубовта кон јогата, но исто така за свои големи учители ги смета и самите нејзини ученици. На релацијата помеѓу неа и нејзините ученици таа дава најголемо значение, внимание и почит, базирано на етиката и моралните вредности (Јама и Нијама) како што се пропишани во древните списи на Махариши Патанџали, таткото на јогиската наука.