аплицирај

јога хуманистички науки - 30 часа

Програмата се состои од 3 дела :

  • Прв дел - Историја на јогата
  • Втор дел - Јога филозофија
  • Трет дел - Етика

Прв дел - Историја на јогата

Се фокусира на историјата и потеклото на јогата, од првиот јоги (Адијоги) преку најстарите списи, Ведите и Упанишадите каде јогата првпат се споменува, преку нејзиниот развој низ неколку различни историски епохи до најмодерните јога стилови што постојат денес, вклучувајќи го и раѓањето на лозата на нашиот стил Винјаса Флоу Јогата.

Втор дел - Јога филозофија

Се фокусира на филозофските основи на јогата и на методите и видовите на јога и нивните етички аспекти.

Трет дел - Етика

Ги сумира јамите и нијамите, важноста на нивната примена за време на часовите по јога и што се подразбира под етичко јога опкружување за време на часот.

Наставни цели

До крајот на оваа обука, ќе имате јасна слика и разбирање за :

  • Како јогата била дефинирана низ историјата повикувајќи се на релевантните древни текстови
  • Ќе развиете свест дека јогата е древна наука и филозофија во која асаната е само еден дел
  • Ќе можете да ги опишете клучните епохи на историјата на јогата и примарните придонеси на секоја од нив (потеклото, развојот и историјата на јогата од цивилизацијата во долината Инд сè до модерната јога)
  • Ќе имате увид во 6-те ортодоксни школи на индиската филозофија
  • Ќе имате јасна слика и ќе можете да дефинирате клучни поими како Карма, Дарма и други
  • Ќе можете да ги опишете клучните принципи на Ајурведата и да ја одредите сопствената доша
  • Ќе се запознаете со клучните филозофски идеи во Јога Сутрите на Патанџали, елементите на практиката и осумте гранки на Аштанга јогата со акцент на нивната релевантност и влијание врз модерните јога стилови
  • Ќе се оспособите да го користат филозофското знаење за креирање на креативни тематски јога часови
  • ќе се запознаете со клучните филозофски идеи на Багавад Гита и нејзината важност во современото општество.
  • Ќе можете да ги дефинирате различните патишта на јогата - Карма Јога, Бакти Јога, Џнана Јога, Раџа Јога, Тантра Јога, Крија Јога и др. (разни форми на јога преку кои се постигнува универзална свест, или единство со Врховното Битие)