аплицирај

Дали сте подготвени да ја подигнете вашата јога пракса на следното ниво?

Обуката за учители по јога е една од најважните одлуки што ќе ги донесете за вашата иднина. Правите голем чекор напред со оваа одлука и вложувате инвестиција во време и материјални средства.

Затоа вашиот изборот на автентична обука за учители по јога е следниот исто толку важен чекор за вас!

Но која е вистинската обука која се усогласува со вашите желби, очекувања и вредности ?

Ова е обука која длабоко ќе ве внесе во знењата и техниките на најпопуларниот и најкреативниот јога стил денес - Винјаса Флоу Јога, а преку овој стил ќе се запознаете и со класичната Хата јога и Аштанга Винјаса, како изворна основа од која овој стил потекнува и еволуира како и со други најнови стилови сродни на Винајса стилот. И ќе се стекнете со алатки тоа знаење и вашите увиди да ги пренесете на најавтентичен начин на други луѓе.

Oбуката за учители по јога од 200 часа креирана од Yoga School Delfy Spirit е дизајнирана да ве воведе во сите аспекти на јогата и многу повеќе од тоа– тоа е обука која негува вистински личен раст.

што ја разликува оваа обука ?

Винјаса Флоу мајсторство

Обуката има за цел да ве придружи и поддржи во стекнувањето мајсторство во Винјаса Флоу јогата (најбараниот стил во светот)– кој сега за прв пат се нуди и во Македонија како 200 часовна Обука за Учители по јога. Обуката користи внимателно креирана наставна програма која ќе ви даде моќ и оспособи самоуверено да застанете на учителскиот јогамат, а за вас лично ќе претставува голем скок напред кон себеспознавањето и личниот раст.

обука за личен развој

Оваа обука е единствена која нуди отелотворување на јогиските знаења преку алатки за спознавање на самите себеси. Главниот учител и ментор (дипломиран психотерапевт) во обуката користи алатки и од психотерапевтски методи покрај сите техники со кои располага јогата со цел учителите во развој подлабоко да се спознаат себеси кој е и клучен услов за успешна работа со другите луѓе.

енциклопедиски прирачник

Добивате ретко систематизиран и практичен прирачник од 550 страни (преведен и на англиски јазик) составен според најновите подигнати стандарди на Јога Алијансата, една мала јогиска енциклопедија, која претставува драгоцен ресурс што ќе ве поддржи да практикувате и водите безбедни, креативни и ефективни јога часови, но и одлична основа која искрениот аспирант за јога учител успешно ќе го насочи и инспирира да го продлабочи своето знаење и да започне процес на самоистражување и развивање нови вештини. Овој прирачник ќе му служи на новиот учител како значаен доживотен извор и референца при имплементирање на својата пракса и праксата што ќе ја предава на другите.

стручен и искусен учител

Програмата е внимателно креирана од стручен, академски кадар и водечки учител со 25 годишно истражувачко искуство во јога праксата и 13 годишно искуство како учител по јога во различни стилови (одржани над 10 000 часови, над 20 ритрити, бројни водени медитации, работилници и курсеви), учител по вокација, истражувач и психотерапевт.

Kој може да има придобивки од оваа обука ?

Ако имате страсна желба да ги пренесете придобивките кои самите сте ги почувствувале од јогата на други луѓе и да внесете промени во вашиот живот, да се стекнете со професионален сертификат од најголемата светска јога организација Yoga Alliance и експертиза во сите аспекти на јогата.

Тогаш сте на правото место - изборот на оваа Обука за јога инструктори од 200 часа ќе биде за вас едно од најтансформативните, најкорисните и највозбудливите животни искуства.

Јогиските знаења и искуства се универзални и применливи во секоја област од животот и во секоја професија и особено непходни во денешниов свет. Оваа обука е и за :

  • Медицински лица
  • Психолози и Психотерапевти
  • Физиотерапевти
  • Фитнес тренери
  • Професионални спортисти
  • Наставниции
  • Раководни лица и HR и други експерти
  • Енергетски исцелувачи

Сертифицирани јога учители во друг стил (Јин, Аштанга Винјаса, Хата Јога и др) за да го комплетираат своето знаење и понудат разновидност во часовите.

И сите кои сакат да ја продлабочат, усовршат и разберат подобро својата лична јога пракса.

за програмата

катерина анѓеловиќ

ментор

дознај повеќе

Вовед

Обуката за учители по јога треба да понуди наставна програма која ги рефлектира суштинските компоненти што им се потребни на сите нови учители по јога. Токму во рамките на овие барања школите се разликуваат меѓусебно како и во начинот на испорачување на наставната програма. Програмата на нашето школо нуди разновидност во многу специфични области на јогата и јогискиот начин на живот за да обезбеди автентична и инспиративна обука за учители по јога. Ова не е конвенционална програма каде што учите и се оспособувате само да осмислите креативен јога час. Ова е програма што ве развива лично ВАС, вашата страст, вашите силни страни и вашите интереси и која ве учи како да ги вклучите нив во своите креативни часови по јога.

A која е вашата страст ?

Дали вашата страст е физичката пракса, дизајнирањето на ултразабавни и креативни часови и водење на други луѓе низ тоа патување на безбеден и автентичен начин?

Дали сте ја искусиле моќта на здивот, дали ги обожавате водените медитации од вашиот учител, сакате да стекнете мајсторство во контрола на сопствената енергијата во телото и тоа да го пренесете на другите?

Дали сте истражувачи фасцинирани од функционалната анатомија и од тоа како јогата помага во зајакнување и поддршка на телото?

Дали вашата пасија е да инспирирате, мотивирате и да им помагате на другите да сфатат дека имаат можат да имаат поголема контрола над нивните животи отколку што мислат?

Дали вашата страст ја пронаоѓате во понирање во филозофските мудрости кои доаѓаат од древните јогиски учења бидејќи сметате дека тоа ви помага во појасна и поквалитетна перцепција на вашиот живот и односите со околината? А лутате и не сте нашле досега материјал каде сето тоа ќе го пронајдете во најсистематизирана форма?

Која и да е вашата страст (а можеби сè уште не сте сигурни и токму во оваа обука ќе ја пронајдете!), ќе ја усовршите и ќе научите да ја споделувате со други луѓе.

Што опфаќа програмата од 200 часа :

Јога Хуманистички Науки - 30 Часа

  • Историја на јогата
  • Јога филозофија
  • Етика
кон програмата

Техники , Обука и Пракса - 90 Часа

  • Асана
  • Пранајама и Суптилното тело
  • Медитација
кон програмата

Анатомија , Физиологија и Биомеханика - 30 Часа

кон програмата

Основни Професионални Компетенции - 50 Часа

  • Методологија на наставата
  • Професионален развој
  • Пракса
кон програмата

почеток на обуката

Обуката започнува на 21 септември 2024 год и завршува на 15 декември 2024 год.

работни викенди

  • 21 – 22 септември
  • 5-6 октомври
  • 19-20 октомври
  • 2-3 ноември
  • 16-17 ноември
  • 30 ноември – 1 декември
  • 14-15 декември

По договор со учениците или од други непредвидени причини овој распоред може да подлежи на промени.

Вашата инвестиција :

Што е вклучено во обуката :

  • 200 часа теорија и пракса
  • Прирачник и други материјали за учење.
  • Сертификат за успешно завршена обука од 200 часа (Yoga Alliance)
  • Јогамат (за рана уплата).
  • 1 он-лајн курс по избор кои ги нуди школата (за рана уплата).

Вашата инвестиција

57.000 ден

Закажи средба

закажи

Поволни можности :

  • Можност за плаќање на 6 рати ( од 10 јули ) или на 4 рати ( од 15 септ.) .
  • 10 % попуст за рана уплата на целата сума + гратис јогамат
  • 15 % попуст за редовните членови на студиото, студенти и невработени лица + гратис јогамат.

Рок за рана уплата

до 10.07.2024

прашања и одговори