контакт

Yoga School Delfy Spirit (YSDS)

Е регистрирана школа во најголемата светска организација за Јога - “Yoga Alliance”, која нуди обуки за учители по јога од 200 часа. Преку внимателно осмислен курикулум и најпрофесионално подготвени материјали и најважно, стручен академски кадар со над 25 годишно искуство во јога праксата и наставата, школата има за цел да инспирира и да оспособи јога учители кои ќе ги поттикнуваат другите безбедно да ја практикуваат оваа древна дисциплина.

повеќе за школата

За прв пат основана во 2013 година како Студио за јога и личен развој “Делфи Спирит”, од страна на м-р Катерина С. Ангеловиќ (главен учител и ментор), оваа школа го помина патот на солидна развојна еволуција и низ годините стекна со право основа да прерасне во вистинска школа, признаена и регистрирана во Јога Алијансата и да создава кадар кој ќе ја шири јогата на најетичен и безебеден начин. Студиото кое е сместено во срцето на Скопје, нуди часови за јога од различни стилови (Hatha Yoga, Ashtanga Vinyasa Yoga, Vinyasa Flow Yoga, Rocket Yoga, Power Yoga) и за различни нивоа (од почетно до најнапредно), возрасти и категории (вклучително и Пренатална Јога, Јога за Деца, Јога за Сениори).

повеќе за студиото

Студиото нуди исто така и специјализирани програми и курсеви од едукативен и практичен карактер со цел да се постигне холистичкиот ефект на наставата и подлабоко разбирање на јогиската пракса. Главната цел на овие курсеви е всушност и самата суштината на јогата, да се постигне соединување на телото, умот и духот кај секој поединец, за да живее порадосен, поисполнет, посвесен и позначаен живот како и да се разбере самиот себеси и околината.

холистички пристап

Структурата на часовите се состои од сите елементи кои нудат холистички пристап за секој кој стреми кон општа добросостојба и радост, на физички, менален, енергетски и духовен план. Во зависност од стилот што практикантите го бираат како пат до постигнување на таа цел, секој час изгледа како една бајковита приказна, со почеток, средина и крај што го носи ученикот до нова и поинаква свест, искуство и развој на нови способности.

10 години постоење

За време на ова десетолетие, со голема посветеност и љубов кон најдостојно пренесување на древните јогиски знаења, во студиото се одржани над 10 000 јога часови во кои секогаш и првенствено фокусот бил на задоволување на потребите (индивидуални и групни) на самите практиканти, на нивната трансформација и на нивната благосостојба.

за менторот

катерина анѓеловиќ

Глaвниот учител, ментор и програмски директор е искусен учител по јога регистриран во Јога Алијансата (E-RYT 500), сертифициран учител по медитација и тренер за личен развој.

Нејзиниот моментален статус во Yoga Alliance проследи го на следниот линк yoga alliance

дознај повеќе за менторот

контактирајте

контактирајте